Amada FOL3015AJ

Амада фибер ласер

Предностите кои се добиваат со користењето на фибер ласер технологијата на Амада овозможуваат дури и најсложените парчиња лим да се сечат со висок квалитет и прецизност. Различни видови на лимови како што се алуминиум, бакар, месинг, титаниум можат да се исечат се до 22мм дебелина.
Максимална дебелина на лимот
Челик (ST 1203)20 mm
Inox16 mm
Алуминиум AlMg314 mm
Бакар6 mm
Месинг6 mm
BAYKAL BPM-T

ЦНЦ Машина за пробивање

Опремени сме со 4 ЦНЦ машини за пробивање со различни видови на алати, каде што тенки парчиња лим се сечат и оформуваат со висок квалитет. Овој начин на сечење на лим се користи кога се потребни големи количини.
BAYKAL CNC Press

ЦНЦ преси

Како што парчињата лим ја добиваат финалната форма во процесот на конфекционирање дури и најсложените парчиња не се проблем за 10-те ЦНЦ преси каде што процесот на виткање се остварува со различни видови на призми и ножеви.
GN LASER CN-6000

Ласерско сечење на цевки

Оваа технологија ни овозможува да правиме делови од различни видови и димензии на цевки кои ги користиме како елементи во многу производи или како готов производ.
Automatic powder coating line

Автоматска фарбара

За заштита на парчињата од корозија се користи електростатско прашкасто фарбање, каде што секој дел се одмастува, исплакнува, чисти и фарба со посакуваната боја со помош на автоматските пиштоли во кабината за фарбање.